My Unibank - Slunečnice.cz

 My Unibank 1.0.2

Pro hodnocení programu se prosím nejprve přihlaste

Staženo 0 ×
Zdarma

Sdílet

Со мобилната апликација на УНИБанка, за Android Вашата банка ќе биде секогаш со Вас.

Преку апликацијата ќе можете брзо и лесно да вршите проверка на Вашите сметки, состојба на истите, да извршувате плаќања, да ги следите состојбите и авторизациите по Вашите кредитни и дебитни картички. Во секое време добивате информација за локација на банкомати и експозитури, со препорака од самата апликација за најблиската експозитура или банкомат во моментот на пребарување. Апликацијата нуди и можност да го персонализирате својот профил. Дизајнот е современ и модерен, направен за да биде лесен и удобен за користење.

Основни функции на апликацијата:
Можност за извршување на трансакции само со еден клик. Интуитивниот систем на банката Ве води од почетокот до крајот на извршување на операцијата. За да биде банкарството по брзо и по лесно, имате можност да користите претходно креирани шаблони на плаќања. Само со еден клик можете да вршите копирање на претходни плаќања и деталите од истите да ги користите за тековното плаќање.
Добивате детални информации за Вашите сметки, дата на отварање на истите, состојби, приливи и одливи во реално време. Се потрудивме сите податоци да бидат визуелно преставени со табеларни и графички јасни прикази.
Секогаш имате информација за своите депозитни сметки, датата на достасување, бројот на денови преостанати до денот на достасување и доспеаната камата.
Управувате лесно со своите кредитни и дебитни картички - ги следите сите плаќања направени преку нив, расположливото салдо, лимитот на кредитните картички, достасаните обврски и слично. Можете да ги плаќате достасаните обврски само преку еден клик. И за картичките сите податоци се графички прикажани.
Брзо добивање на податоци за локација на експозитурите и банкоматите на УНИБанка-може да се ориентирате лесно кои се најблиските експозитури и банкомати, нивното работно време, адреса и телефон. Може да користите и Maps за да стигнете најбрзо до нив. За Ваша удобност и лесно препознавање на објектите има актуелни слики од истите.
Информации за курсни листи-следите во реално време куповен и продажен курс на УНИБанка за валутите, со кои што работи банката;
Новости - најнови продукти, промоции на банката и воопшто се што е важно за Вас
Промоции - тука најбрзо за корисниците на апликацијата ќе објавуваме најнови информации за нови продукти и услуги или за актуелни промоции. Следете нè за да бидете информирани пред сите.
Можете да изберете приспособувања кои ја прават вашата работа со апликацијата уште поудобна и пријатна. За повеќе информации, проверете го профилот на апликацијата и менито за “Приспособувања”.

Не сме заборавиле и на Вашата сигурност. Имате различни опции за да изберете лимити на трансакциите и приспособувања за безбедност, како што се должината на сесијата, политика на потврдување и друго.
За да ги користите сите услуги кои апликацијата ги нуди, може да користите Токен од банката, да го активирате on-line преку Е-УНИБанка или да посетите експозитура на банката.
Повеќе за продуктите и услугите на УНИБанка може да добиете на www.unibank.com.mk.
Zobrazit více

Pro hodnocení programu se prosím nejprve přihlaste

Staženo
0 ×

TIP: Stahují se vám programy pomalu? Změřte si rychlost svého internetového připojení.